Извлечена е ждрепката за Вимблдон. Извлечени се паровите од првото коло во машка и женска поединечна конкуренција, а на стартот се знае со кого ќе игра седумкратниот шампион Новак Ѓоковиќ.
Во првото коло противник на Ѓоковиќ ќе биде Педро Кацин, 28-годишниот Аргентинец, кој се наоѓа на 67. место на АТП листата. Во второто коло негови ривали би можеле да бидат Џордан Томпсон и Брендон Накашима.
Можни ривали во полуфиналето се Каспер Руд, Јаник Синер и Тејлор Фриц. Во половината на ждрепката на Алкараз, најзвучни имиња се Холгер Руне, Александар Зверев, Даниил Медведев, Стефанос Циципас…
Дербито од првото коло ќе биде мечот меѓу Циципас и поранешниот победник на УС Опен, Доминик Тием.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА