Ждреб за КЛ: Партизан против Спарта Прага, Лестер ќе патува во Данска

Српскиот вицешампион Партизан ќе игра против Спарта Прага во плеј-оф фазата од новоформираното натпреварување на УЕФА, одлучи денешната ждрепка.

Англсикиот премиерлигаш Лестер ќе игра против дански Рандерс. Тотенхем или Витесе за противник ќе ја имаат австриска Рапид Виена. О. Марсеј ќе се сретне со Карабак, ПСВ Ајндховен со Макаби ТА, а Митјиланд со Паок.

Првите натпревари ќе се играат на 17. февруари, додека реваншите се закажани за 24. истиот месец.

ПАРОВИ ПЛЕЈ-ОФ: 

О. Марсеј – Карабак

ПСВ Ајндховен – Макаби ТА

Фенербахче – Славија Прага

Митјиланд – ПАОК

Лестер – Рандерс

Селтик – Бодо Глимт

Спарта Прага – Партизан

Рапид Виена – Тотенхем/Витесе

 

Се вчитува...