Ждреб за ЛЕ: Барса оди во Турција, Црвена Звезда против Ренџерс

Петкратниот европски шампион Барселона го доби турскиот Галатасарај за противник во осминафиналето во Лигата на Европа.

Белградска Црвена Звезда имаше среќа на денешната ждрепка и во осминафиналната фаза ќе се сретне со шкотскиот Глазгов Ренџерс. Интересно се очекува да биде и во дуелите меѓу Севилја – Вест Хем, Порто – Олимпик Лион, како и Аталанта – Баер Леверкузен.

Првите осминафинални натпревари ќе се одиграат на 10. март, додека реваншите се закажани седум дена подоцна. Финалниот натпревар во Лигата на Европа е закажан за 18. мај на „Санчез Пискуан“ во Севилја.

ЛЕ 1/8 финални ПАРОВИ: 

Ренџерс – Црвена Звезда

Брага – Монако

Порто – Олимпик Лион

Аталанта – Баер Леверкузен

Севилја – Вест Хем

Барселона – Галатасарај

Лајпциг – Спартак Москва

Бетис – Ајнтрахт Франкфурт

Се вчитува...