Ждреб за ЛЕ: Барселона против Ајнтрахт Франкфурт, Вест Хем со Лион

Ајнтрахт Франкфурт и Барселона е најинтересниот пар во четвртфиналето во второто по ранг европско натпреварување, Лигата на Европа одлучи денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион. Интересно се очекува да биде и на дуелот меѓу Лајпциг и Аталанта. Германците ќе го играат првиот натпревар на домашен терен, а реваншот е во Бергамо. Во останатите два натпревари ќе се сретнат Вест Хем – Лион и Брага – Ренџерс.

Во полуфиналето победникот од мечот меѓу Лајпциг и Аталанта ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Брага – Ренџерс. Победникот од Вест Хем – Лион во вториот полуфинален меч ќе игра со подобриот од Ајнтрахт и Барселона.

Првите четвртфинални натпревари во Лигата на Европа се закажани за 7. април, додека реваншите ќе се одиграат една недела подоцна. Полуфиналните мечеви пак се закажани за 28. април, а реваншот е на 5. мај. Финалниот дуел кој ќе се игра на „Рамон Санчез Пискуан“ во Севилја е закажан за 18. мај.

ЛЕ 1/4 финални ПАРОВИ: 

Лајпциг – Аталанта

Ајнтрахт – Барселона

Вест Хем – Лион

Брага – Ренџерс

 

Се вчитува...