Ждреб за ЛЕ: Елмас против Барса, Адеми и Ристовски со Севилја, Николов ја извлече Брага

Елјиф Елмас и неговиот Наполи ќе се сретнат со Барселона во дерби натпреварот од плеј-оф фазата во Лигата на Европа, одлучи денешната ждрепка во седиштето на УЕФА. Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе имаат тешка задача во плеј-оф фазата од Лигата на Европа, бидејќи за противник го добија најтрофејниот клуб во ова натпреварување, шпанска Севилја.

Бобан Николов и Шериф Тираспол ќе патуваат во Португалија, каде за противник ќе ја имаат Брага. Интересен двомеч се очекува да биде и тој меѓу Борусија Дортмунд и Ренџерс, како и Порто Лацио. Италијанска Аталанта ќе игра против грчки Олимпијакос, додека Лајцпиг со Реал Сосиедад.

Првите натпревари ќе се играат на 17. февруари, додека реваншите се закажани за 24. истиот месец.

ПАРОВИ ПЛЕЈ-ОФ: 

Севилја – Динамо З.

Аталанта – Олимпијакос

Лајпциг – Реал Сосиедад

Барселона – Наполи

Зенит – Реал Б.

Борусија Д. – Ренџерс

Шериф – Брага

Порто – Лацио

Се вчитува...