Ждреб за ЛШ: Баерн ги чека Елмас или Барселона

Елиф Елмас и Наполи ги очекува тежок реванш на „Камп Ноу“ против Барселона, но доколку италијанскиот претставник го мине каталонскиот гигант, во четвртфиналето го очекува нов исклучително тежок предизвик, пресметка со Баерн Минхен на неутрален терен во Лисабон.

Денешната ждрепка одлучи победникот од двомечот Наполи – Барса да се сретне со победникот од двомечот Челси – Баерн, но со оглед на убедливата победа на баварскиот гигант од 0-3 во Лондон, речиси сигурно е дека германскиот првак ќе се најде во четвртфиналето.

Веќе се познати две комплетни четвртфинални двојки, Аталанта ќе се сретне со ПСЖ, додека Атлетико Мадрид по елиинацијата на Ливерпул за ривал го доби Лајпциг.

Многу интересно се очекува да биде на последната четвртфинална пресметка, каде подобриот од двомечот Манчестер Сити – Реал Мадрид („граѓаните“ се фаворити бидејќи славеа на првиот меч во Шпанија) ќе се сретне со победникот од двомечот Јувентус – Лион.

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕ

1. Реал М./Манчестер Сити – Лион/Јувентус

2. Лајпциг – Атлетико Мадрид

3. Наполи/Барселона – Челси/Баерн М.

4. Аталанта – ПСЖ

ДВОЈКИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕ

Победник меч 1 – Победник меч 3

Победник меч 2 – Победник меч 4

Се вчитува...