Ждреб за ЛШ: Ливерпул е „мината“ што носителите сакаат да ја избегнат

Се е подготвено за ждребот за осминафиналето од Лигата на шампионите, што ќе се одржи денеска во Нион со почеток во 12 часот. Правилата остануваат исти, ждребот е полудиригиран, што значи дека во осминафиналето нема да можат да се сретнат екипи од иста држава, како и тимови што претходно играле еден против друг во групната фаза од ЛШ сезонава.

Ливерпул е клубот што важи за „нагазна мина“ во денешното извлекување, тимот на Јирген Клоп сезонава е без пораз во Премиер-лигата, а ако на тоа се додаде дека е и актуелен вицешампион на Европа, јасно е зошто носителите посакуваат да ги избегнат „црвените“ за ривал на самиот почеток од нокаут фазата во Лигата на шампионите.

Од друга страна, Шалке барем на хартија важи за најслаб тим од преостанатите 16 во елитното европско натпреварување, додека Порто е најпосакуван ривал од носителите, откако португалскиот гигант беше првопласиран во убедливо најслабата група од ЛШ сезонава.

ШЕШИР 1:

Реал Мадрид

Барселона

Борусија Дортмунд

Баерн Минхен

Манчестер сити

ПСЖ

Порто

Јувентус

ШЕШИР 2

Рома

Тотенхем

Атлетико Мадрид

Ајакс

Лион

Ливерпул

Шалке

Манчестер јунајтед

Се вчитува...