Ждреб за ЛШ: Меси против Роналдо во осминафиналето

Пари Сен Жермен – Манчестер јунајтед е најатрактивната двојка во осминафиналето од Лигата на шампионите. Кристијано Роналдо и Лионел Меси ќе имаат нов епски дуел и тоа уште на стартот на нок-аут фазата во елитата.

Атлетико Мадрид ќе има тешка задача да ја помине првата пречка од нокаут фазата бидејќи за противник ќе го има еден од првите фаворити за освојување на титулата Баерн Минхен.

Двомечот меѓу Интер и Ајакс треба да биде еден од поинтересните, бидејќи и двата тима сезонава играат убав и напаѓачки фудбал.

Најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид доби лесен противник, португалска Бенфика. Среќа во ждрепката имаше и Манчестер сити кој за противник го доби освојувачот на Лига на Европа од минатата сезона Вилјареал, а добро помина и Ливерпул кој ќе се сретне со Салцбург.

Италијанскиот шампион Јувентус ќе се сретне со португалскиот шампион Спортинг Лисабон.

Првите натпревари се играат на 15. и 16. феврурари, а сите патници во четвртфиналето ќе бидат познати на 16. март.

ПАРОВИ 1/8 ФИНАЛЕ: 

Бенфика – Реал Мадрид

Вилјареал – Манчестер сити

Атлетико М. – Баерн М.

Салцбург – Ливерпул

Интер – Ајакс

Спортинг Л. – Јувентус

Челси – Лил

ПСЖ – Манчестер ј.

 

Се вчитува...