Ждрепка: Манасков против Кил на Ф4 во Келн

Дејан Манасков и Веспрем ќе се сретнат со Кил во полуфиналето од фајналфор турнирот што на крајот од годинава ќе се одржи во Келн. Станува збор за Ф4 од ланската сезона откако турнирот беше двапати одложуван од ЕХФ, за денеска да биде официјално извршена ждрепката за полуфиналните двојки.

Веспрем, кој се уште е без европска круна во клупската историја, за пласман во големото финале ќе мора да го мине Кил, кој е дополнително засилен во однос на лани со доаѓањето на Сандер Сагосен.

Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат ПСЖ предводен од Раул Гонзалез и каталонскиот гигант Барселона.

Полуфиналните пресметки ќе се играат во „Ланксес Арена“ на 28 декември, а финалето е закажано за 29 декември.

ДВОЈКИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕ:

Кил – Веспрем

Барселона – ПСЖ

Се вчитува...