Ждрепка во УЕФА: Македонија ги добива противниците за второто издание од Лигата на нациите

Македонската репрезентација денеска од 18 часот, преку ждрепката на УЕФА ќе ги дознае противниците за второто издание на Лигата на нациите, овој пат во Лига Ц, по минатогодишното прво место во групата од натпреварувањето во Д групата.

Вкупно 55 национални селекции, членки на УЕФА, ќе бидат поделени во четири лиги според нивната позиција на ранг-листата. Македонија е во Лига Ц, откако во првото издание на Лигата на нации, за сезоната 2018/2019, беше првопласирана во групата Ц во лигата Д (заедно со Ерменија, Гибралтар и со Лихтенштајн) што и обезбеди пласман во лигата Ц и настап во плејофот за пласман на Европското првенство 2020, против Косово, на 26. март во Скопје.

Македонија на ждрепката за составот на групите во лигата Ц ќе биде во вториот сад, со Косово, Белорусија и со Кипар. Во првиот се се Грција, Албанија, Црна Гора и Грузија, во третиот Естонија, Словенија, Литванија и Луксембург и во четвртиот Ерменија, Азербејџан, Казахстан и Молдавија.

Натпреварите од второто издание на Лигата на нациите ќе се играат во септември, октомври и во ноември оваа година, завршните турнири во јуни 2021 година, а плејофот за опстанок во лигата Ц во март 2022 година.

Се вчитува...