Ждрепка за ЛШ: Раул против Душебајев на Ф4 во Келн

ПСЖ ќе се сретне против Киелце во полуфиналето од фајналфор турнирот од Лигата на Шампионите во Келн, беше одредено со денешната ждрепка од страна на ЕХФ. Ова ќе биде нов дуел на двајцата извонредни стратези, Раул Гонзалес од едната и Талант Душебајев од другата страна, од кои само за еден ќе има место во големото финале.

„Светците“ во четвртфиналето го елиминираа германскиот гигант Кил, а тешка задача имаше и Киелце, кој го остави без фајналфор унгарскиот гигант Веспрем.

Европскиот првак Барселона важи за главен фаворит за трофејот и на овој фајналфор, а каталонскиот гигант во полуфиналето ќе ги одмери силите со германскиот шампион Магдебург, за кого ова ќе биде деби на фајналфор турнирот во Келн.

Се вчитува...