ЖДРЕПКА ЗА ВТОРА ЛИГА: Вардар почнува со Аресими, Пелистер со Кожуф во Гевгелија

Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беше реализирана ждрепката за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига која сега ќе биде единствена со 16 екипи.

На стартот од новата сезона, најтрофејниот македонски клуб Вардар ќе гостува на Аресими, додека Пелистер почнува со гостување против Кожуф во Гевгелија. Еден од најголемите кандидати за првото место, екипата на Гостивар ќе гостува на Пехчево.

Стартот на новата сезона во ВМФЛ е закажан за 13. август.

ВМФЛ ( 1.КОЛО – 13. август)

АРЕСИМИ – ВАРДАР

КОЖУФ – ПЕЛИСТЕР

ПЕХЧЕВО – ГОСТИВАР

ОХРИД – ТЕТЕКС

ДЕТОНИТ – БЕЛАСИЦА

КАРАОРМАН – ВОСКА

БОРЕЦ – СЛОГА (В)

САСА – БЕСА

Се вчитува...