Желбата на Тухел е Ериксен да дојде во ПСЖ

Францускиот првак Пари Сен Жермен има проблеми со финансискиот фер-плеј, меѓутоа тренерот Томас Тухел и натаму сонува за нови засилувања. Тој сака да ја засили конкуренцијата во средниот ред, а откако отпадна опцијата да го купи Иван Ракитиќ од Барселона, сега се насочи кон Кристијан Ериксен, данскиот интернационалец кој настапува за англискиот премиерлигаш Тотенхем.

ПСЖ е подготвен да плати 100 милиони фунти за да го добие Ериксен до крајот на летниот преоден рок. Тој е еден од носителите на играта на Тотенхем откако во 2013 година од Ајакс пристигна во Лондон. За него постои сериозен интерес и од шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона.

Се вчитува...