Желсон Мартинс му донесе триумф на Монако против Марсеј (ВИДЕО)

Монако славеше со 0-1 на гостувањето кај Олимпик Марсеј во 27. коло во француската Лига 1. Првото полувреме мина во израмнета игра на двете страни, а единствено за издвојување е поништениот гол на фудбалерот на гостите Жан Лукас поради офсајд во 44. минута.

Клучниот момент во натпреварот се случи во 59. минута кога Желсон Мартинез го матираше голманот на домаќините Лопез и донесе големи три бода за клубот од Кнежевството. Монако иако е на осмата позиција со 41 бод со овој триумф се врати во игра за едно од местата кои следната сезона водат во Лигата на шампионите, бидејќи денешниот противник кој е третопласиран има само шест бода повеќе на првенствената табела.

 

 

 

Се вчитува...