Жена ќе го води германскиот фудбал

Доната Хофен е именувана за директор на германската фудбалска лига од 1. јануари 2022 година. Таа ќе стане првата жена на оваа функција која од 2005 година ја водеше Кристијан Зајферт.

Хофен до сега го водеше секторот за иновации на американската консултантска куќа „Бостон консалтинг груп“, а со ДФЛ потпиша тригодишен договор.

Поради пандемијата од коронавирусот, меѓународните ТВ права за Буднеслигата и Втората бундес лига паднаа од 250 милиони евра на 180 милиони евра по сезона.

Се вчитува...