Женската кошаркарска репрезентација ги започнаа подготовките за Германија и БиХ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија денеска во СРЦ „Кале“ официјално ги започна подготовките за престојните квалификации за Европското првенство 2023.

На денешниот собир недостасуваа дел од репрезентативките кои имаат задачи со Бадел 1892 и Баскет КАМ во женската АБА лига, како и интернационалките Девона Бонер и Марија Николиќ, но оние кои беа присутни денеска за прв пат и официјално се започнаа со новиот селектор Александар Ашаданов.

„Со вечерашниот тренинг официјално започнуваат подготовките за првиот прозорец од квалификациите. Нè очекува период во кој покрај тактичкиот дел ќе ја градиме и тимската атмосфера која за мене и стручниот штаб е една од најважните работи за успех.Започнуваме со помал број на репрезентативки, но веќе на утрешниот тренинг очекуваме да ни се приклучат Селцова, Николиќ, Стојановска, Трајчевска, Димитријевиќ, Блажевска, Димова и Кметовска. Кошаркарките на Бадел 1862 се поштедени од денешниот тренинг заради вчерашното гостување во WABA лигата, додека Николиќ и Селцова треба да пристигнат вечерва. Целосното комплетирање на екипата е во понеделник кога ќе се појават  Митрашиновиќ, Бонер, Митрева и Кожобашиоска кои имаат обврски со своите клубови каде настапуваат во овој момент“, вели новиот селектор.

Првиот предизвик за „црвено-жолтите“ е Германија на 11. ноевмри, а три дена подоцна во Скопје ја пречекуваме Босна и Херцеговина за комплетирање на првиот квалификациски круг.

 

Се вчитува...