Женската кошаркарска репрезентација во полн погон пред БиХ и Белгија (ФОТО)

Пред женската кошаркарска репрезентација на Македонија се последните натпревари од квалификациите за Евробаскетот 2023. Избраничките на Ашаданов немаат шанси за пласман во главната фаза, а во натпреварите кои следат против Босна и Херцеговина и Белгија ќе ја бараат првата победа.

Денеска на националниот тим се приклучија и интернационалките Анџелика Митрашиновиќ, Нена Трајчевска, Александра Стојановска, Тијана Митрева и Милица Николиќ.

Првиот предизвик за „црвено-жолтите“ е Босна и Херцеговина со која ќе се сретнеме во четврток од 20 часот во Сараево, а потоа следи и последниот натпревар, на домашен терен против Беглија во недела од 18 часот.

Се вчитува...