Жерар го откажа Лазаров, ПСЖ го доби дербито во Нант

Нант го загуби големото дерби на француското првенство на домашен терен против ПСЖ (24-26), меч на кој брилијантна игра покажа гостинскиот голман Винсан Жерар. Францускиот репрезентативец бранеше неверојатно и собра дури 19 интервенции, откажувајќи ги домашните ракометари, меѓу нив и нашиот Кире Лазаров, од обидот да се стигне до скалпот на шампионот.

Нант го диктираше темпото се до финишот од полувремето, кога по водството од 10-8 домашните ракометари влегоа во криза, а ПСЖ знаеше како да го искористи тоа, направи пресврт и на одмор замина со минимални 11-12. Избраниците на Раул Гонзалес потоа постигнаа три гола на самиот почеток од второто полувреме, поведувајќи со четири гола, по што гостите од Париз го контролираа резултатот до самиот крај.

Лазаров постигна скромни четири гола (3/9 од игра, 1/1 од седум метри), додека најефикасен во таборот на ПСЖ беше Хансен со седум постигнати погодоци.

Се вчитува...