Жером Боатенг е нов фудбалер на Олимпик Лион (ВИДЕО)

Жером Боатенг е нов фудбалер на Олимпик Лион, потврдија од францускиот тим. Боатенг во Лион доаѓа како слободен играч откако на крајот на минатата сезона му истече договорот со Баерн Минхен.

Германскиот репрезентативец беше дел од Баварците од 2011 година период во кој двапати стигна до титулата во Лигата на шампионите.

 

 

 

Се вчитува...