Поранешниот играч на Манчестер Сити и Баерн Минхен, легендарниот Жером Боатенг се пресели во австрискиот прволигаш ЛАСК Линц. И покрај тоа што во штотуку завршената сезона се споменуваше дури и „кам-бек“ во Баерн, сепак, на крајот заврши во Салернитана, од каде како слободен агент доаѓа во Линц.
Боатенг со Германија ја освои светската титула во 2014 година. Најблескавите мигови на клупски план ги запиша со Баерн Минхен, за кого играше 10 години, и ги освои сите титули.
„Ова е лудо. Неверојатно е што успеавме да го донесеме Боатенг. Тој е толку посакуван играч, а имаше и многу понуди, но тој се одлучи да дојде кај нас. Би сакале да му се заблагодариме што се приклучи на нашиот тим“, рече изршниот директор на клубот, Зигмунд Грубер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА