Жесток судир на навивачите на Наполи и на Ливерпул

Во пресрет на вечерашниот дуел на „Сан Паоло“ меѓу Наполи и Ливерпул, низ улиците на Неапол се случи жесток судир на навивачките групи. Еден навивач на англискиот тим заврши во болница, а уште неколку се повредени, и од двете страни.

Најжестоката тепачка се случи во центарот на градот. Потоа фановите на Наполи со скутери ги бараа фановите на Ливерпул и ги напаѓаа со факели и со тврди предмети.

Мечот стартува во 21 часот.

Се вчитува...