Жесток судир во Мостар, тешко повредени еден навивач и двајца полицајци (ВИДЕО)

Жесток навивачки судир денеска во Мостар во кој учествувале повеќе од 50 лица кои нападнале полицајци притоа гаѓајќи ги со пиротехнички средства.

А, судирот од повеќе од банална причина. Во време додека навивачите на Зрински цртале графит биле нападнати од навивачи на градскиот ривал Вележ кои исто така планирале на тој ѕид свој графит.

„По меѓусебниот судир интервенираа припадници на полицијата. Во судирот двајца полицајци се повредени поради што веднаш се хоспитализирани. Со тешки телесно повреди се здоби и еден помлад навивач“ – информираат од полицијата на БиХ.

Се вчитува...