Македонија и Исланд низ исцрпувачка битка во „Борис Трајковски“ ќе го дадат победникот од 4. коло во квалификациите за пласман на ЕП 2020, ако се суди по одиграното прво полувреме во кое Исланѓаните имаат гол предност, 10-11.
Низ тотално спротивен натпревар од оној во Рејкјавик пред четири дена, двете селекции низ жестока борба во одбраната сега го кројат резултатот. Мечот почна со отворена агресија на гостите кои стигнаа и до предност од 3-5. Но, водени од одличниот на голот Борко Ристовски македонските ракометари до 18. минута стигнаа до пресврт од 7-6.
Низ постојана промена на водство потоа до крајот, и игра гол за гол, Исланд на крајот од првите 30 минути заокружи на 10-11.
Најефикасен кај Македонија е Филип Талески со три погодоци, а по два имаат Лазаров и Георгиевски. На македонскиот гол Борко Ристовски е се одлични девет одбрани. Кај Исланд, Магнусон е најефикасен со четири постигнати гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА