Жестока битка во Ѓорче Петров…, Ренова го има Стојановски кој дели мајстории (ВИДЕО + ФОТО)

Ренова со пресврт успеа да дојде до триумф од 1-2 против Македонија ЃП во 13. коло од Првата македонска фудбалска лига.

А, Македонија ЃП прва поведе уште во 15. минута со голот на Дејан Тантуровски. Но, Ренова го има извонредниот Влатко Стојановски кој го постигна деветтиот свој гол сезонава и тоа на мајсторски начин со пета за израмнување на 1-1 во 60. минута. А во 62. минута Емран Рамадани ги заокружи конечните 1-2…

Во жестока битка, многу нервоза на теренот, силни амбиции за бодови, на крајот „гипсарите“ се радуваа за прва победа и на Никола Илиевски – Џиџи на клупата на Ренова.

 

Се вчитува...