Жестока битка во „Јане Сандански“ – Вардар со предност на полувреме против Мешков Брест

Европскиот ракометен шампион, Вардар на полувреме има предност од 19-17 против Мешков Брест во натпреварот од 6. коло во Б групата од Лигата на шампионите. Повторно најголем проблем за македонскиот шампион е играта во одбрана и помошта од голманите (вардаровите голмани имаа само 2 одбрани), бидејќи за едно полувреме примија за нивни стандарди 17 гола.

Гедбане го отворит мечот со две одбрани (кои беа единствени за вардаровите голмани во првото полувреме), по кои следуваа и два гола на Вардар, гостите се вратија со идентична мини серија, а по пет минути игра резултатот на семафорот изнесуваше 2-2. По еден гол на двете страни, следуваше првото исклучување во гостинскиот табор кое го заработи Акамбре. „Црвено-црните“ ја искористија бројчаната надмоќ на теренот и успеаја во 9. минута да стигнат до водство од 5-3.

Во следниот период се играше гол за гол, се до 13. минута кога со голот на Калараш „Вардарци“ за првпат стигнаа до плус три (9-6), по кои тренерот на гостите Раул Алонсо беше приморан да побара тајм-аут. По тајм-аутот гостите успеаја да врзат два гола и да дојдат на само минус еден (9-8).

Следуваа исклучувања на двете страни, игра во која подобро се снајдоа домаќините кои во 20. минута повторно стигнаа до плус два 13-11. Иван Чупиќ не реализираше „зицер“ кој можеше повторно да го однесе европскиот шампион на плус три, по кој следеше казна од Паниќ кој намали на 13-12. Следуваа нови искучувања во гостинскиот табор, прво Обрадовиќ, па потоа и Акамбре, ситуација која ја искористи Вардар и со серија од 4-1, со голот на Иван Чупиќ во 24. минута успеаја да стигнат до највисоките плус четири (17-13).

Мешков Брест повторно имаше мини серија од 2-0 со која за двојно ја намали негативата, а во 27. минута резултатот изенсуваше 17-15, а Кокшаров мораше да интервенира со својот прв тајм-аут на натпреварот. Малуш во 29. минута намали на 17-16, а Иван Чупиќ на стартот на последната минута со својот 6 гол на мечот повторно донесе водство од плус два за Вардар (18-16). Следуваше гол на Шкурински за 18-17, а на три секунди до крај Криштопанс постигна гол за предност од два гола на полувреме (19-17).

Иван Чупиќ со 6 гола е прво име кај Вардар, додека Кристопанс постигна 5 гола. Кај гостите по првите 30 минути најдобар е Паниќ со 4 гола.

Се вчитува...