Жикица Тасевски го одржа првиот тренинг со Македонија ЃП (ФОТО)

Во Ѓорче Петров трето тренерско име оваа сезона. Жикица Тасевски е новиот предводник на „лавовите“ и денеска го одржа првиот тренинг со екипата. По Александар Таневски и Наџи Шенсои, Тасевски ќе се обиде да го исправи бродот на ѓорчепетровци. Македонија ЃП влезе во серија од три последовни порази, по што и следеше промената на кормилото.

По 23 одиграни кола, Македонија ЃП се наоѓа на шестата позиција со 29 бода, но само четири повеќе од последнопласаниот Струга ТЛ.

Во моментот Првата фудбалска лига е суспендирана на неодредено време поради мерките за безбедност од коронавирусот.

Се вчитува...