Жикица Тасевски ќе му биде асистент на Вулиќ во Ксанти

Искусниот хрватски тренер Зоран Вулиќ е назначен за нов тренер на грчкиот тим Ксанти. Вулиќ договорил соработка до лето, а со клубот ќе се обиде да избори место во „елитата“ во Грција.

Негов асистент ќе му биде македонскиот тренер Жикица Тасевски.

За Tасевски ова нема да биде прв интернационален предизвик, со оглед дека беше дел од стручниот штаб на Локомотив Пловдив, и од кинескиот тим Хунан Биловс. Од нашите клубови ги водеше Маџари, Вардар, Металург, Работнички и Македонија ЃП.

Се вчитува...