Жикица Тасевски, нов тренер на Работнички

Работнички го именува Жикица Тасевски за нов шеф на стручниот штаб. Тој доби доверба од раководството на клубот да го води тимот до крајот на актуелната сезона, со опција за продолжување на соработката и за подолг период доколку се задоволни двете страни. Жикица Тасевски доаѓа на местото на Ѓоре Јовановски, кој си замина по лошиот старт на сезоната.

„Постигнавме договор со Жикица Тасевски за соработка до крајот на сезоната. Тој е млад, амбициозен и веќе докажен стратег, кој има одлично познавање на Првата фудбалска лига, а исто така и интернационално искуство. Доаѓа во стара, добро позната средина и очекуваме дека ќе успее да го воздигне тимот на едно повисоко ниво. Очекуваме оваа промена на тренерската позиција да биде дополнителен импулс и за фудбалерите и Работнички да се врати на позициите кои му припаѓаат“, изјави претседателот на клубот, Драган Поповски, за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...