Жикица Тасевски селектор на олимписката репрезентација на Либан?

Македонскиот фудбалски стратег Жикица Тасевски е сериозен кандидат за преземање на кормилото на олимписката репрезентација на Либан. Тој бил на првични разговори со раководните луѓе на федерацијата за преземање на оваа функција и се очекува многу брзо да добие повратен одговор.

Тасевски претходно работеше на интернационална сцена во Кина и во Бугарија, а во Македонија последно беше шеф на стручниот штаб на Работнички и на Силекс. Во минатото беше и на кормилото на најтрофејниот македонски клуб Вардар и на Металург.

Се вчитува...