Жикица Тасевски со Работнички доаѓа во Кратово, струмичка пресметка во Турново

Работнички се врати на победнички колосек откако Жикица Тасевски го замени Ѓоре Јовановски на кормилото. „Романтичарите“ славеа на гости против Ренова во минатото коло, а сега за Тасевски доаѓа посебен предизвик. Тој денеска се враќа во Кратово и ќе ги одмери силите со Силекс, тимот со кој ја почна сезоната, но поднесе неотповиклива оставка поради слабиот старт на шампионатот. Во фудбалот работите брзо се менуваат, па сега Жикица Тасевски ќе го предводи Работнички против кратовскиот прволигаш.

Силекс има проблеми, Момчило Митевски не е во можност да го предводи тимот, па Горан Симов веќе на втор натпревар ќе биде ’главен и одговорен’ на клупата. Мотиви има премногу, овие два тима и минатата сезона се бореа за излез во Европа, а поуспешен беше тимот од Градски парк.

Интересна ќе биде и струмичката пресметка. „Војната“ почна неколку дена порано, со препукувања од двата табори. Академија Пандев ќе биде домаќин во Турново и го забрани влезот за ’гостинските’ навивачи на Беласица. ’Пандевци’ се надеваат дека ќе имаат реално судење, а јавноста очекува возбудлив дуел.

Победа во Битола ќе го пречека составот на Шкупи. Прилепскиот прволигаш е во серија од три последовни порази и сигурно сака да стави крај на ’црната низа’. Шкупи исто така е во недостиг на бодови.

Вардар и Шкендија играат на домашен терен против Ренова, односно Македонија ЃП, и имаат релативно лесни задачи за нови триумфи.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 11.КОЛО (13.30 часот)

ВАРДАР – РЕНОВА

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – БЕЛАСИЦА

ПОБЕДА – ШКУПИ

Се вчитува...