Жиру доаѓа во Милан, Челси даде зелено светло

Милан е на прагот да осигура уште едно сериозно засилување откако „росонерите“ влегоа во завршна фаза од преговорите со Челси за трансферот на Оливие Жиру.

Италијанскиот гигант преговараше со Жиру уште пред неколку месеци, надевајќи се на негов ангажман како слободен играч, но Челси реши да ја активира клаузулата за да го задржи Французинот уште една година под договор. Јасно е дека ветеранот не е дел од плановите на тренерот Тухел, поради што биле водени разговории „сините“ дале зелено светло за тој да се пресели во Милан, а Жиру веќе ги има договорено личните услови со „росонерите“.

Челси начелно се согласува на разделба од Французинот, но актуелниот европски првак сигурно ќе бара извесна отштета за транферот да може да се комплетира. Италијанските медиуми информираат дека преговорите се во завршна фаза, а Милан ќе плати онолку колку што Челси бара, се со цел што поскоро да го осигура потписот на овој напаѓач, кој во нападот би играл крај Златан Ибрахимовиќ.

Се вчитува...