Жиру донесе победа за Милан против Торино (ВИДЕО)

Оливие Жиру со гол во 14. минута од средбата, му донесе победа на Милан во дуелот со Торино. Со речиси една шанса, „росонерите“ успеаја да дојдат до важна победа, девета во првенството со која сега тимот од Милано е на првата позиција на табелата со три бода предност пред Наполи, но и со меч повеќе.

Можеше Торино да извади барем бод од ова тешко гостување, особено во финишот кога имаше неколку добри шанси. Татарушану спасуваше по шутот на Санабриа, а после тоа Торино погоди и пречка. Имаше шанса и Тео Хернандез за 2:0, но не реализираше.

 

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...