Жиру емотивно го најави заминувањето од Милан: Овој клуб засекогаш ќе биде во моето срце

Крајот на фудбалската сезона ќе донесе и крај на една ера во европскиот фудбал со заминување на легендарниот напаѓач Оливие Жиру од европско тло и негов деби настап во шампионатот на Соединетите американски држави.

Голгетерот ќе го промени дресот на Милан со тој на Лос Анџелес Галакси. Оваа одлука ја потврди денеска со емотивна порака на социјалните мрежи.

„Тука сум да ви кажам дека следните два натпревари ќе бидат мои последни во Милано. Кариерата ќе ја продолжам во МЛС. Многу сум горд на се што постигнав со Милан во овие три сезони. Мислам дека е вистинско време да ја објавам мојата одлука. Мојата приказна во Милан завршува, но Милан засекогаш ќе остане во моето срце“, изјави Жиру.

Жиру кој пред ангажманот во Милан настапуваше и за Гренобл, Тур, Монтпелије, Арсенал и Челси. Во дресот на „росонерите“ настапуваше од 2021 година забележувајќи 48 голови на 130 натпревари.

Се вчитува...