Жиру испиша историја во Севилја (видео)

Оливие Жиру го одигра својот најефикасен натпревар во кариерата откако постигна четири погодоци во триумфот на Челси од 0-4 на гостувањето против Севилја.

Францускиот ветеран го отвори резултатот со прекрасен шут со левата нога во осмата минута, потоа во вториот дел зголеми на 0-2 со рутинска реализација со десната нога, третиот погодок го постигна со глава, а конечните 0-4 ги постави со прецизно изведен пенал.

Со ваквото издание Жиру испиша историја како највозрасен играч што постигнал хет-трик во ЛШ, на возраст од 34 години и 63 дена.

Се вчитува...