Жиру ова лето се враќа во Франција

Францускиот интернационалец Оливие Жиру дефинитивно ќе го напушти „Стемфорд бриџ“ по завршувањето на сезоната. Тој не добива голема минутажа под раководство на Маурицио Сари и одлучи да си замине од Челси. Негова следна дестинација ќе биде Франција, неговата родна земја, а најзаинтересирана за неговите услуги е Ница.

„Тој е на крајот на договорот и се уште е неверојатен напаѓач. Ќе видиме, незадоволен е во Челси и сака да игра. Размислуваме да го доведеме во Ница“, изјави Гаутие Ганаје, претседателот на францускиот прволигаш.

Се вчитува...