Жиру: Сакам да останам во Милан

Договорот на францускиот ас во редовите на Милан, Оливие Жиру истекува на крајот на сезоната, а искусниот 37-годишник не ја крие желбата да остане во тимот и во следните сезони.

Жиру пристигна во Милан во 2021 година и на 73 одиграни натпревари досега постигна 31 гол при што ги предводеше „росонерите“ и до шампионската титула во Серија А во 2022 година, а верува дека и понатаму може да му помага на тимот.

„Сакам да останам во Милан, меѓутоа се уште не сме имале ниту еден разговор кој се однесува на мојата иднина. Милсам дека се уште можам да и помогнам на екипата. Не сакам да ставам никакви граници кога е во прашање мојата кариера“, вели Жиру.

Се вчитува...