Жиру со еврогол подобар од Ибрахимовиќ и Мхитаријан

Прв ден е од новата година, а веќе го имаме кандидатот за најубаво погодок во 2017 – дело на Оливие Жиру. Францускиот ас со фантастичен гол го доведе Арсенал во водство на мечот со Кристал палас, откако со „шкорпија“ со пета шутна преку себе, па со помош на гредата ја затресе противничката мрежа.

Велемајстор за вакви голови е Златан Ибрахимовиќ, сличен погодок пред неколку дена постигна Хенрик Мхитаријан, но ремек-делото на Жиру ги надминува нивните мајстории.

Се вчитува...