Жиру суспендиран на два натпревари

Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру е суспендиран на два натпревари откако доби црвен картон на натпреварот со Лече во Серија „А“, соопшти италијанската фудбалска лига.

Голгетерот доби втор жолт картон поради навреди кон судиите. Тој ќе ги пропушти натпреварите против Фиорентина и против Фросиноне во италијанскиот шампионат.

Натпреварот со Лече за Жиру беше јубилеен 100-ти, и нема да го памети по добро. Дуелот заврши без победник 2-2, иако Милан имаше предност од 0-2, меѓутоа во финишот исто така „росонерите“ се спасува, со оглед дека на Лече му беше поништен гол.

Се вчитува...