Жиру: Враќањето на Бензема донесе нерамнотежа во репрезентацијата

Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру искажа неочекувана изјава околу неговиот колега во националниот тим Карим Бензема, и неговото враќање во националниот тим пред една година.

Бензема долго време не беше повикуван во националниот тим, а сега селекторот Дешамп се реши да го врати. Но, според Жиру тоа било лош потег.

„Како и секој друг човек, го знам списокот на повикани фудбалери. Селекторот одлучува кој ќе го повика, и тој одговара за тоа. Враќањето на Бензема донесе тактичка нерамнотежа во играта на Франција. Искрен сум. Немам ништо против Карим“, рече Жиру.

Се вчитува...