Жижовиќ: Бевме подобри од Вардар, и заслуживме да победиме

Шкупи славеше победа во дербито со Вардар во рамките од 25. коло во ПМФЛ. После првото полувреме кое заврши без голови, во вториот дел чаирскиот тим со три гола успеа да слави победа.

Тренерот на чаирчани Младен Жижовиќ истакна дека неговиот тим сосема заслужено славел победа над „црвено-црните“.

„Успеавме добро да се подготвиме за овој натпревар, што резултираше со победа од 3-0. Иако во првото полувреме беше без голови, во ниту еден момент не се сомневавме дали ќе го победиме Вардар. Нашиот противник апсолутно ништо не направи во првото полувреме. Игравме исто и во вториот дел, но успеавме да постигнеме голови. Им честитам на фудбалерите за одличната игра, и благодарност до публиката за поддршката. Денеска ние бевме подобар противник и заслуживме да победиме“, рече Жижовиќ.

Се вчитува...