Жижовиќ: Пропуштивме шанси и за поубедлива победа, сега се фокусираме на полуфиналето во Купот

Екипата на Шкупи победи против Македонија ЃП со 3-1 во 27. коло од Првата македонска фудбалска лига, по што се израмни на врвот со Струга ТЛ пред утрешниот натпревар на стружани од оваа рунда натпревари.

Тренерот на чаирчани, Младен Жижовиќ секако задоволен по победата на својот тим.

„Требаше да го завршиме натпреварот уште во првото полувреме, бидејќи пропуштивме многу шанси да постигнеме голови. Потоа имавме водство од 1-0 и го постигнавме и вториот гол, но бевме малку нервозни при голот на гостите, но сепак мислам дека беше заслужена победа и сега се фокусираме на следните натпревари кои не очекуваат“ – изјави по мечот Жижовиќ.

Следниот натпревар Шкупи го игра во среда, против Тиквеш во Кавадарци во вториот натпревар од полуфиналето на Купот на Македонија. Првиот натпревар во Чаир заврши без голови, 0-0.

Се вчитува...