Жижовиќ: Шкупи покажа решителност и карактер

Во дербито во ПМФЛ, Струга ТЛ и Шкупи одиграа нерешено 2-2 во првиот меч од 20.коло. Струга ТЛ два пати водеше, но тимот од Чаир успеваше да се врати, и на крајот да освои бод.

Тренерот Младен Жижовиќ е задоволен од нерешениот резултат. Напомена дека неговиот тим одел на трите бода, но дека и бодот е задоволителен, со оглед дека Струга ТЛ е една од најдобрите домашни екипи во последните сезони.

„Мораме да бидеме задоволни со оглед на играта прикажана на тежок терен и условите кои беа присутни. Не почнавме добро, во првиот дел не беше како што сакавме. Во вториот дел беше нешто подобро во целина, се обидивме да му парираме на противникот со поагресивна игра, но од се што го видовме, го заслуживме бодот, иако имавме шанси и за победа. Мора да бидеме задоволни затоа што два пати се враќавме од негатива. Момците покажаа решителност и карактер. Не е лесно да се вратиш тука после два пати негатива, особено што игравме со противник кој доминира на свој терен во изминатите неколку години. Уште еднаш им честитам на фудбалерите и сега се фокусираме кон следниот натпревар, и овој бод да го потврдиме со победа на следниот“, рече Жижовиќ.

Се вчитува...