Жоан Канељас: Најважно е што се чувствуваме одлично…, треба сите да уживаме во овој Ф4!

Меѓу „вардарци“ секогаш повеќе од расположен и за шега, Жоан Канељас… Очигледно добро расположен и денеска во хотелот „Радисон Блу“ во Келн, пред годинашниот Ф4 турнир во Келн потенцира дека сега ќе биде една сосема поразлична приказна од онаа минатогодишната. Но, во Вардар сите се подготвени за новиот предизвик.

„Ова е еден сосема нов предизвик сега за нас. Одбраната на трофејот е секогаш потешко од тоа да се освои, но ние сме подготвени за се што не очекува овие два дена во Келн. Ќе биде тежок турнир, и би било навистина голем успех ако повторно стигнеме до титулата“ – вели Канељас и дополнува:

„Најважно е што сите во тимот се чувствуваме одлично пред турнирот. Треба сите ние во тимот, и навивачите, заедно да уживаме во овој Фајнлфор турнир“.

Се вчитува...