Усман Дембеле не е единствениот кој може да замине од редовите на Барселона во следните денови откако Жоан Лапорта ја доби понудата која ја чекаше цело лето. Станува збор за трансферот на Феран Торес за кој каталонците имаат официјална понуда од Астон Вила.
Истата е во висина од 20 милиони евра и дополнителни 10 милиони евра во бонуси, понуда која Барселона е подготвена да ја прифати, но не и самиот Торес кој пристигна на „Камп Ноу“ пред само година и пол и намерува да се бори за своето место во тимот.
Раководството на шпанскиот гигант се надева дека Торес ќе замине, а собраната сума на пари од неговиот и трансферот на Дембеле ќе биде искористена за трансфер на Бернардо Силва.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА