Португалскиот репрезентативец, Жоао Феликс, планира да го напушти Ал Наср за кого настапува и Кристијано Роналдо и да се врати во Ла Лига.
Интересно е што Феликс не сака да се врати во Атлетико Мадрид од каде што замина во Саудиска Арабија, туку има голема желба да го облече дресот на Барселона.
Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека Португалецот сака да потпише за Барселона откако ќе му заврши договорот со Ал Наср.
За тоа колкава е желбата на Жоао Феликс да заигра за Барселона, според „Спорт“, најдобро покажува податокот дека Португалецот нема проблем драстично да ги намали барањата. Феликс има искуство од настапи за Барселона, тој сезонава 2023/24 ја помина на позајмица токму во каталонскиот тим.
Засега нема официјална потврда од управата на Барселона дека има конкретни разговори со агентите на Феликс чиј договор со саудискиот тим истекува идното лето.
„Спорт“ исто така пишува дека нема да биде изненадување доколку Барселона во зимскиот преоден рок се обиде да потпише со Португалецот со оглед на тоа дека во тимот нема класичен напаѓач туку таа улога засега ја извршува Рафиња и тоа со голем успех.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
