Жоао Феликс кон судија: „Ти си луд…“ – Сега го чека казна од 12 меча суспензија!

Младиот фудбалер на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс го очекува жестока казна поради недолично однесување кон главниот судија на натпреварот со Атлетик Билбао, Хезус Хил Манцано.

Феликс на дуелот во игра влезе во 60. минута на местото на Анхел Кореа, за да по само 18 минути минати на теренот заработи црвен картон. Најпрво доби жолт картон од главниот судија поради удар со лакт на противнички играч, но потоа вулгарно гестикулирајќи кон судијата самиот си „заработи“ и црвен картон.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Жоао Феликс на Мансано му рекол дека е луд, нешто што воопшто не се толерира во Ла Лига. Па фудбалерот на Атлетико Мадрид сега се соочува со драстична казна од 12 натпревари суспензија.

Се вчитува...