Жоао Феликс може да здивне, куртули од долга суспензија

Жоао Феликс доби суспензија од само два натпревари по црвениот картон што го заработи на последниот дуел со Атлетик Билбао. Младиот Португалец полуде по една судиска одлука, со рацете гестикулирајќи дека главниот судија е луд, по што овој веднаш по жолтиот му покажа и црвен картон.

Според пропозициите, за вакво однесување се предвидува казна меѓу два и дванаесет натпревари неиграње. Сепак, судијата очиледно бил благ во описот на инцидентот во официјалниот записник, по што шпанските „дисциплинци“ се решија за најблагата санкција.

Ова значи дека Феликс ќе го пропушти денешниот дуел со Хетафе, како и следниот меч против Алавес. Останува да се види кога тој конечно ќе проработи, ако се знае дека се наоѓа во очајна голгетерска форма и се уште нема постигнато ниту еден гол за актуелниот првак на Шпанија.

Се вчитува...