Италијанскиот калчолигаш Интер има големи планови за следната сезона, а новиот тренер Антонио Конте полека ги реди коцките од мозаикот. Додека се чека на трансферот на Ромелу Лукаку од Манчестер Јунајтед, кој треба да да дојде на двегодишна позајмица со право на комплетно откупување на договорот, се вршат промени во средниот ред.
Португалскиот интернационалец Жоао Марио ќе го напушти „Џузепе Меаца“ и ќе замине на заем во францускиот Монако, а демантирана е веста дека Раџа Наинголан на сличен начин би се преселил во Торино. Во Интер ќе пристигне Стефано Сенси, 23-годишниот играч на Сасуоло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА