Жоао Марио се сели во Вест хем

Вест хем и Интер ги договорија сите услови околу привремениот трансфер, односно позајмица за Жоао Марио. Офанзивниот играч за врска на „нероаѕурите“ вториот дел од сезоната ќе го помине во редовите на „чеканите“, цената на позајмицата ќе изнесува 1.1 милион евра со тоа што Вест хем ќе ја целосно ќе ја исплаќа неговата плата, додека Интер не се согласи на опција за откупување на фудбалерот по крајот на сезоната.

Марио е првата „жртва“ која го напушта „Џузепе Меаца“ оваа зима. На фудбалерот му е потребна поголема минутажа бидејќи кај Спалети предност има Борха Валеро, додека пред неколку дена го доведоа и Рафиња од Барселона кој може да ги врши задачите на истата позиција, па позајмица беше единствена опција за 25-годишниот играч.

За португалскиот фудбалер имаше голем интерес во претходниот преоден рок, најмногу го посакуваше Жозе Мурињо, но без ниту една конкретна понуда. Иако можеби Вест хем не е на посакуваното ниво на Марио, барем ќе игра повеќе и ќе има поголеми шанси да си обезбеди место во репрезентацијата, што е најважно за него во пресрет на Светското првенство во Русија. На другата страна пак, Дејвид Мојс добива огромно засилување со педигре на европски шампион.

 

Се вчитува...