„Жолтица“ пред Австрија: Нема да играат Несторовски, Николов, Муслиу…

ЕКИПА во Варшава,

Владимир Булатовиќ

Полска речиси ги затвори сите порти за пласман на ЕП 2020, но Македонија секако ќе сака да ги доигра квалификациите во најдобро светло и да избори што е можно подобар пласман на табелата. За следниот меч, гостувањето во Австрија, Ангеловски ќе има значително скусен избор. Поради три жолти картони нема да имаат право на настап тројца фудбалери.

Илија Несторовски, Бобан Николов и Висар Муслиу вечерва го заработија третиот жолт картон во квалификацискиот циклус што автоматски повлекува забрана за настап на следниот натпревар, на 16.ноември на гости против Австрија.

Се вчитува...